Прва лига: ТФТ обезбеди „мајсторка“ против Еуро Никел 2005

фото: kfsm.mk

Еуро Никел 2005 не успеа да победи во салата „Јасмин“ против ТФТ Моцарт, иако имаше шанса да го однесе мечот во продолжение (72:76) во четвртфиналниот плеј-оф од Првата македонска кошаркарска лига. Еден неизвесен натпревар се играше во Кавадарци, по голема борба на крајот пресуди последната минута во која подобро се снајдоа гостинските кошаркари, па ТФТ Моцарт и Еуро Никел 2005 за место во полуфиналето ќе играат и трет натпревар во оваа четвртфинална серија.

Домашните кошаркари за нијанса беа подобри во првиот период, кој го релизираа во своја корист со 24:22. Втората четвртина им припадна на гостите од Скопје, кои до крајот на првото полувреме се стекнаа со солидни 49:42. Но, она што го загубија во втората, кавадарчани го надополнија во третата, во која се вратија во резултатска „нормала“. Односно во периодот на одлука влегоа со минимални 63:62.

Од тој момент се играше „кош за кош“, со постојана, минимална предност на едната или другата страна. По поентирањето на Младеновиќ на средината од последната четвртина, Еуро Никел 2005 имаше „плус три“, (72:69).

Иако не поентираше, Хотон заврши голема работа во одбраната, додели две блокади, по кои Мебраер донесе водство за ТФТ од 74:72 во последната минута. Додели уште една блокада, го блокираше и Стојановски, но Соколов се избори за уште еден напад, а Младеновиќ доби шанса да му донесе ново израмнување на својот тим. Но, не го погоди првото слободно фрлање, со оглед на негативата од два поени, не го погоди ниту второто. Згора на тоа, во тој свој обид направи „престап“ од линијата за слободни фрлања.

Некоја секунда подоцна, од истото место, но на спотивната страна ја потврди Костоски, беше „мирен“ ги реализира двата „пенали“ вредни „брејк“ Победата отиде во Скопје каде викендов ќе се играт третиот и решавачки меч од оваа серија. Во победничките редови доминираше Мекбраер со 20 поени, а на спротивната страна еден поен помалку запиша Планиниќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот