фото: РК Алкалоид

Куп: РК Алкалоид го прифати предлогот на Вардар да го играат полуфиналето в петок

Откако Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги објави термините по жрепката за завршните турнири во Купот, имаше незадоволство во ракометниот клуб Еурофарм Пелистер бидејќи би добиле само еден ден одмор пред финалето.

Натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, а како што првично објави РФМ, в четврток (16 мај) од 19.30 часот Алкалоид ќе игра против Вардар, а следниот ден на 17 мај во петок од 19.30 часот Еурофарм Пелистер игра против ГРК Тиквеш. Финалето е закажано за 19 мај (недела) од 19.00 часот.

Токму затоа имаше критики од Еурофарм Пелистер поради ваквата одлука на федерацијата околу одредувањето на термините, бидејќи победникот од првиот полуфинален меч би имал повеќе време за одмор и подготовка пред финалниот дуел за пехарот.

Денеска се огласи и ракометниот клуб Вардар кој сака и бара сите клубови да бидат подеднакво третирани и предложи до РК Алкалоид нивниот полуфинален натпревар наместо во четврток како што е најавено од РФМ, да се одигра ден подоцна во петок.

– Сакаме и бараме сите клубови да бидат подеднакво третирани, и на терен да покажат колку се подготвени, и колку вредат. Вардар многупати досега докажал дека е подготвен да игра во секави услови, за да го потврди својот квалитет, и да победи. Сме биле во многу незавидни ситуации, со „десеткуван“ тим, со различни проблеми, под притисок, но секогаш сме излегувале на терен да се бориме. На крај, ни честитале за нашиот успех, или пак ние сме му честитале на нашиот ривал. Така ќе биде секогаш.

Доколку се согласи нашиот противник во полуфиналето, екипата на РК Алкалоид, ние како клуб сме подготвени нашиот меѓусебен натпревар наместо во четврток како што претходно беше најавено од страна на РФМ, да го одиграме ден подоцна во петок. Иако ќе имаме ден помалку за подготвување за следниот меч, сметаме дека Вардар е доволно квалитетен и тоа нема да му пречи – стои во дел од соопштението на РК Вардар 1961.

Целото соопштение на РК Вардар 1961 можете да го прочитате на официјалниот сајт на скопските „црвено-црни“ ТУКА

Предлогот е веднаш прифатен од РК Алкалоид кој е согласен за промена на терминот за одигрување на полуфиналето од Купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот