Прв триумф за кадетките на Европското првенство Дивизија Б“ во Подгорица

Конечно радост на младите македонски кошаркарки на ЕП Дивизија „Б“/Фото: kfsm.mk

Женската селекција на Македонија „Под 16“ стигна до посакуваниот триумф на Европското првенство Дивизија „Б“ во Подгорица, Црна Гора. Денеска во еден рамноправен натпревар, на крајот, нашите кадетки излегоа како победнички во дуелот со Швајцарија со резултат 64:57.

Решавачка за конечниот исход беше нашата подобра игра во третата четвртина во мечот за пласман од 17 до 19 место на шампионатот.

По израмнетото прво полувреме, во кое избраничките на селекторот Горан Даниловски имаа предност, но само од три поени (36:33), по големиот одмор, одигравме добра одбрана која резултираше противничката репрезентација да реализира само девет поени.

Ние дадовме двојно повеќе, за двоцифрена предност (54:42), која успеавме да ја задржиме, и за првпат да победиме на турнирот.

Милица Николиќ со „дабл-дабл“ од 16 поени и 13 скока, го предводеше нашиот тим до посакуваната победа, во која свој придонес дадоа и Ана Ангеловска со 15 поени, Бојана Николиќ која имаше 12, како и Зара Стојковска која постигна 10 коша.

По два дена одмор, во недела, од 12.00 часот, ќе го играме и вториот дуел од новоформираната група „Е“, а противник ни е селекцијата на Луксембург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот