Фото: MZT Skopje

Прв сезонски пораз за Пелистер, но болен: МЗТ славеше на дербито во Битола

МЗТ Скопје е победник на дербито од шестото коло во Првата кошаркарска лига, откако во Битола го совлада Пелистер со 72-67 и му го нанесе првиот пораз оваа сезона.

Дербито започна изедначено, со чести промени во водството. Првата четвртина им припадна на „штрковите“ кои водеа со 15-13, но Пелистер во вториот период успеа да малку преземе контрола и на полувреме замина со предност од 32-29.

Во третиот дел, актуелниот шампион не дозволи домаќините да се одлепат, МЗТ се врати во игра и со само два поени предност влезе во последната четвртина, кога се решаваше победникот.

Токму тогаш, битолчани како да останаа без енергија, а МЗТ одигра најдобри минути кога беше најпотребно. Средината на последниот период го најави триумфот на гостите, кои првпат поведоа со двоцифрена разлика (61-51).

Пелистер се обиде да се врати со тројката на Стајиќ, со која намали на 60-65 три минути пред крајот, но гостите не дозволија изненадување и ја задржаа предноста до самиот крај. Мекејден од редовите на МЗТ беше најефикасен со 20 поеи, а мора да се истакне и настапот на Гил кој дојде до дабл-дабл од 17 поени и 11 скокови. Кај Пелистер Стајиќ уфрли 17, а Малешевиќ 16.

За МЗТ ова е петта победа во шест натпревари од стартот на сезоната – единствениот пораз им е административен против Анѓели, иако на теренот победија. Пелистер, пак, по пет стартни победи, го запиша првиот неуспех.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот