Бендот го сочинуваат тројца познати музичари од скопската алтернативна сцена

Прв самостоен концерт на музичкото трио „21 Век“ вечерва во Младински културен центар

Скопското музичко трио „21 Век“ по прославата на пет години од оформувањето, три студиски албуми и илјадници километри поминати за време на нивните настапи надвор од државата, ќе го одржи својот прв самостоен концерт во Денсинг-салата на МКЦ на 1 септември 2023 (петок), со почеток во 21 часот.

„21 Век“ е бенд кој го сочинуваат тројца познати музичари од скопската алтернативна сцена: Васко Атанасоски („Бернајс пропаганда“, „ХаХаХа“, „FxPxOx“), Раде Јордановски („FxPxOx“) и Дени Крстев („Бернајс пропаганда“, „Фонија“, „My Tear“).

Музиката на „21 Век“ претставува силно експресивна палета на влијанија движејќи се од правци, како пост-панк сѐ до македонската традиционална музика. Критичарите нивната музика ја карактеризираат како „поп музика вкоренета во длабок андерграунд“.

Песната „Ужасно ми фалиш“, прва на албумот „Си нацртав живот“ (2021) се задржа долго време на репертоарот на домашните радиофреквенции, а токму албумот го доби епитетот како „највеселиот албум за тешките љубовни јадови“.

Музичкиот состав зад себе има три студиски албуми: „1“ (2020), „2“ (2020) и „Си нацртав живот“ (2021).

Како локална музичка поддршка на концертот ќе настапат музички групи од новиот домашен млад музички бран, „Мариналеда“, „Red 18“ и „Vagina Corporation“. Билети за концертот може да се набават физички на билетарницата на МКЦ или онлајн на линкот bileti.mkc.mk.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот