Прв ден по воведените мерки: Скопје пораздвижено во попладневните часови (ВИДЕО)

Во утринските часови, Скопје имаше намален интензитет на сообраќај и фрекфенција на движење.

Ова се должи на воведените мерки за заштита и превенција од коронавирусот,  меѓу кои е и донесената одлука за затворање на образовните институции за 14 дена, па така низ скопските улици можеа да се забележат само луѓе кои брзаа да стигнат на своите работни места.

Ситуацијата во попладневните часови е изменета, односно градот е живнат во однос на фрекфенцијата на луѓе по улиците.

Покрај откажани голем број настани и манифестации, ЈСП Скопје излезе со соопштение, во кое се наведува дека ќе биде редуциран возниот ред, а и дека се укинува бесплатниот јавен превоз за средношколците, студентите и пензионерите во наредните две недели.

Според препораката дозволено е ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст. Во однос на ослободувањето од работа, мерките важат и за родители и деца од Центрите за попреченост, кои исто треба да имаат потврда дека се корисници на таа услуга. Мерката важи и за самохрани родители.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот