Коронавирусот го испразни Скопје (ВИДЕО)

Мерките против коронавирусот го испразнија плоштадот и ГТЦ, при што намален интензитет на сообраќајот, намалена фреквенција на движење и брзање по скопските улици е стандардната глетка утринава. Само оние кои мора да стигнат на работа или да завршат неодложна обврска се излезени.

Градскиот плоштад и Градскиот трговски центар кои инаку во утринските часови се полни со раздвижени граѓани, утринава зјаат празни.

Меѓу мерките се забрана за организирање собири кои бројат над 1000 луѓе, забрана за меѓународен сообраќај којшто е организиран, во и надвор од Македонија за земји со висок и среден ризик од Ковид 19, нема да се учи во основните и средните училишта ниту на факултетите во наредните две недели, а спортските натпревари наредните 30 дена ќе се одвиваат без публика.

Еден родител на дете до 10 годишна возраст со мерката на владата може да остане дома да го чува и за тоа ќе добива плата било да се работи за државна или за приватна фирма, наредните 14 дена. Се затвораат и базените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот