Против мали сипаници вакцинирани се 37.189 лица

Фото архива на СП

Министерството за здравство информира дека од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) заклучно до 6 овој месец на територија на Република Северна Македонија вакцинирани се 37.189 лица на возраст до 14 години со МРП вакцина.

„Од нив, 16.935 деца се вакцинирани во Скопје, додека пак во останатиот дел од државата вакцинирани се 20.254 деца. Во изминатата недела, во Скопје вакцинирани се вкупно 28 деца, а во останатиот дел од РСМ вакцинирани се вкупно 691 дете (предучилишна и училишна возраст). Во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.237 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст. Остануваат на сила препорачаните мерки и активности, кои ги преземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите осетливи лица“ се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот