Протести во Шпанија: Убиен млад човек поради неговата сексуална припадност

epa09324731 People attend a march after the killing of Samuel Luiz, a 24-year-old young man who was beaten to death during an alleged homophobic attack in La Coruna, called at Puerta del Sol, in Madrid, Spain, 05 July 2021. EPA-EFE/JAVIER LOPEZ

Голем број на луѓе излегоа на улиците на најголемите градови во Шпанија, протестирајќи поради убиството на 24 годишниот човек по хомофобичниот напад кој се случил викендов.

Големата маса на луѓе синоќа го исполнија централниот дел на Мадрид, а активистите маршираа на главните улици во Барселона, скандирајќи слогани и веејќи транспаренти и знамиња во боите на ЛГБТИ заедницата.

„Завидувачки е одговорот од страна на ЛГБТИ заедницата, кои протестираат за убиството на младиот Самуел во Ла Коруња“ стоеше на Твитер профилот на левичарската партија Подемос кои се во коалиција со владеачките социјалисти.

Младиот човек кој бил медицински техничар, Самуел Луиз, кој по нападот починал во болница, беше крвно претепан во близина на ноќен клуб во раните утрински часови во саботата во Ла Коруња, на северот на Шпанија.

Представникот на локалната регионална влада Хосе Минонес потврди дека полицијата работи на утврдувањето на членовите во инцидентот и дека трагаат по сторителите.
Од шпанската влада велат дека нема да се толелираат хомофобичните напади врз населението и дека таквите напади во иднина ќе бидат строго казнувани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот