Протести во Ереван за оставка на премиерот Пашинјан

Десетици опозиционери и активисти денеска ја блокираа централната авенија во главниот град на Ерменија, Ереван, барајќи оставка од премиерот Никола Пашинјан.

„Тој ја украде иднината на нашите деца и мора да си замине. Тој ја продаде нашата земја”, извикуваа демонстрантите.

Агенцијата ТАСС објави дека полицијата започнала со апсење на демонстрантите.

Во Ерменија со денови се одржуваат протести против Пашинјан, кој е обвинет за склучување мировен договор со Азербејџан, со посредство на Русија, на штета на Ерменија и Нагорно-Карабах, област во Азербејџан со мнозинско ерменско население околу која последните месеци се води војна меѓу двете соседни земји. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот