Протест во Охрид против поставување базна станица за мобилна телефонија

Граѓани на Охрид од населбата „Христо Узунов” попладнево протестираа против поставувањето базна станица за мобилна телефонија на една од зградите во населбата.

Иницијативата е покрената од едноставна причина, поради нивната загриженост за штетните влијанија од зрачењата на антената за кои сметаат дека негативно ќе се одразат врз здравјето на сите жители како од зградите така и од инидивидалните станбени објекти во непосредна близина.

Петицијата досега ја потпишале повеќе од 800 лица, но сметаат дека тој број многупати ќе се зголеми оттаму што во непосредна близина на антената има повеќе од 20 станбени згради со неколку илјади жители.

Учесниците на протестот ги повикаа градоначалникот, советниците во Општина Охрид и пратениците од градот да ги поддржат и да помогнат во решавањето на проблемот.

Инаку, на поставувањето на антената согласност дале над 51 отсто од станарите во влезот на зградата каде треба да биде поставена базната станица, а за која веќе е поставена носечка конструкција. За мислење и согласност не биле повикани станарите од соседниот влез на истиот објект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот