Протеран амбасадор на ЕУ во Бенин, кој повикувал граѓани на протест

Властите во Бенин му дадоа рок до 1 декември на амбасадорот на ЕУ, Оливер Нете да ја напушти оваа земја поради политичко мешање во внатрешните работи.

Неименуван дипломатски извор од Бенин изјави дека амбасадорот Нете, постојано ги повикувал граѓаните на Бенин на протести.

Според официјалното соопштение од Владата на Бенин, дипломатот се мешал во активности, „што можат да ги сметаат за субверзивни”.

Информацијата за протерувањето на амбасадорот ја потврдија прес-службите на европските институции во Брисел. ЕУ смета дека одлуката не е оправдана и очекува дополнителни разјаснувања од страна на властите.

Новото парламентарно мнозинство во Бенин, избрано во април годинава, беше мета на критики од страна на странски дипломати поради контроверзното изборно законодавство кое преку стриктни услови ги спречи претставниците на опозициските партии да се кандидираат.

Прочитајте и...  РКЕ и Електродистрибуција: Потрошувачите што ги исполнуваат условите да изберат снабдувач на електрична енергија до 31 март

Европската Унија е еден од најголемите донатори за Бенин со повеќе стотини милиони евра за помош на подобрувањето на демократското владеење, но и земјоделството и инфраструктурни проекти.

Прочитај повеќе

Филипче: Засега треба да бидеме внимателни до 6 март

Слободен печат

ДРАМА ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА: Виничанец сомнителен на коронавирус побегнал низ прозорец, полицијата го чува во домашен карантин

МИА Агенција

Загина уште еден турски војник, а двајца се ранети на северозападот на Сирија

Слободен печат

Виена: Тинејџер 30 пати со нож ја прободел поранешната девојка, лекарите се борат за нејзиниот живот

Слободен печат

Министрите за здравство на земјите од ЕУ на состанок во Брисел за коронавирусот

Слободен печат

Американски Апелациски суд ја блокира програмата на Трамп за мигрантите

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заев му подари на Мицкоски значка со НАТО, Мицкоски нему празен „Луј Витон“ паричник

Слободен печат

Заев откри дека ќе биде носител на изборната листа во четворката

Слободен печат

Долгови или инвестиции, што дебатираа Заев и Мицкоски за економијата

Слободен печат

Трамп потврди: Ќе потпишеме договор со талибанците во Авганистан

Слободен печат

Заев ги покажа договорите од Мицкоски како директор на ЕЛЕМ: Иста услуга еднаш 1,6 милиони, после 8 милиони евра

Слободен печат

Судир на автобус и воз во Пакистан, најмалку 14 загинати

МИА Агенција