Протекоа интерни аудио снимки од Конгресот на СДСМ: Пауновски го сменивме затоа што работеше по словото на законот

Не само Радмила Шекеринска, туку и Владимир Митревски, делегат на Општинската организација на СДСМ во Центар, на вчерашниот конгрес на СДСМ го критикувал раководството на партијата поради разрешувањето на Стојко Пауновски. Оваа нова аудиоснимка излезе на твитер профилот наречен како Реформи во СДСМ.

Некои јазици на шега велат дека очигледно целиот затворен дел од конгресот на СДСМ бил сниман.

А еве што говорел Владимир Митревски.

„Нека извини пред хиерархијата, хиерархијата е, меѓутоа ако хиерархијата тера да правам нешто што четири години сум го зборувал дека сум против тоа. Имајќи во предвид дека вработените не мора да идат на работа, што сме направиле? Од шупље во празно. Ве молам таа грешка колку што може да се исправи, поради тоа што да кажеме едно образложение пред луѓето, пред граѓаните дека нема да ги менуваме тие што навистина работат по словото на закон. А човекот работеше по словото на законот бидејќи го познавам долги години уште како претседател на општинската во Тетово, каде што за време на изборите, активности имав и ги знам луѓето“, се слуша како вели Митревски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот