Проштална средба Шахпаска–Томан: Имаме успешна меѓусебна соработка,

Шахпаска-Томан/ Фото: МИА

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари проштална средба со досегашниот амбасадор на Република Чешка во Република Северна Македонија, Мирослав Томан, кому на крајот на годинава му завршува мандатот.

Двајцата соговорници, како што соопшти МТСП, изразиле задоволство од досегашната соработка меѓу двете земји и изразија подготвеност во наредниот период таа да се интензивира уште повеќе, особено во делот на евроинтеграцискиот процес.

-Министерката Шахпаска и амбасадорот Томан имаат долгогодишна соработка во унапредувањето на односите меѓу двете земји, дополнително што министерката Шахпаска , во периодот кога беше пратеник во републичкото Собрание, беше шеф на Парламентарната група на Собранието на РСМ за соработка со Чешкиот Парламент. На средбата се разговараше за процесите низ кои помина нашата држава во последните четири години и за позитивните промени што овозможија Република Северна Македонија да стане членка на НАТО и да очекува почеток на преговорите за членство во Европската Унија, се вели во соопштението од МТСП.

Минстерката Шахпаска го информирала амбасадорот Томан за клучните реформи што ги спроведува Министерството за труд и социјална политика, како во делот на социјалата, така и во делот на работните односи. Министерката Шахпаска информирала дека целосната инклузија е врвен приоритет.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот