Просечната плата во март 40.496 денари

Фото: Profimedia

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесувала 40.496 денари, и е за 16 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21.9%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (21.3%) и Образование (20.5%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7.8%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7.3%) и Преработувачка индустрија (6.2%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во март 2024 година, изнесувала 60 803 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот