Просечната цена на струјата за домаќинствата пораснала во втора половина од годината

струја струјомер
Струја/ Фото: МИА

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесуваше 38.197 денари по nm3.

Македонските домаќинсктва во втората половина од минатата година плаќале повисока просечна цена по киловат час во споредба со првото полугодие од годината. Просечната цена за електрична енергија од јули до декември 2019 година изнесувала 4.859 денари по KWh

Што пак претставува повисока цена за 1,9 отсто во споредба со првото полугодие од годината, се вели во статистиките на ДЗС.

Според објавените податоци просечната цена на електричната енергија, без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движеше од 3.840 до 7.638 денари по KWh, по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движеше од 18.865 до 29.143 денари по nm3, по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесуваше 38.197 денари по nm3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот