Проработе нуклеарната централа „Кршко“
Нуклеарната централа „Кршко“ го заврши својот редовен ремонт и во вторник беше повторно приклучена на електроенергетскиот систем.
Препорачано
„По првите проверки, нуклеарната централа „Кршко“ постепено ќе ја зголемува моќноста“, објавено е на веб-страницата на електраната, јави Танјуг.
Редовното сервисирање почна на 1 октомври и требаше да трае до 2 ноември, но кон крајот на минатиот месец укажаа дека враќањето на мрежата ќе доцни неколку дена поради проблеми со замената на турбината под висок притисок, поради неуспехот на две специјални машини.
Како што посочуваат, при ремонтот се заменети 56 од вкупно 121 горивен елемент и дека „новите јадра ќе обезбедат извор на енергија за следната година и половина“. За време на ремонтот беше спроведена сеопфатна стандардна програма за одржување и тестирање на механичка, електрична и мерна и регулациона опрема, како и повеќе од сто тестови за надзор.
Резултатите потврдуваат дека состојбата на системот, конструкциите и компонентите е беспрекорна, посочуваат од нуклеарната централа „Кршко“ и додаваат, дека 33-от циклус на гориво ќе трае до пролетта 2024 година.


