Пропадна продажбата на 1ТВ, се зголемиле долговите

Телевизијата на Бојан Јовановски, 1ТВ, нема да добие нов газда. Пензионерот Богдан Дамјановски кој случил договор за купување на медиумот, по медиумските написи, сега за ИРЛ вели дека ќе го раскине договорот. Образложението на Дамјановские е дека со првичниот договор имало помала сума помала сума, но по блокирањето на сметката од страна на УЈП за неплатени даноци сумата се зголемила на околу 400.000 евра.

Не го откри инвеститорот, а наводно бил негов пријател од Холандија што сакал да почне бизнис во Македонија.

– Трошоците енормно се зголемија и мојот клиент кој јас го застапувам реши да се откаже од купување на телевизијата“, изјави Дамјаноски за ИРЛ.

Паралелно, Агенцијата за медиуми веќе води постапки, а некоја од тие може да резултира и со одземање на лиценцата за работа на телевизијата 1ТВ.

Дамјановски, претходно, за „Слободен печат“ рече дека хрватски државјанин, кој исто како него е пензионер е заинтересиран да ја купи телевизијата и да инвестира во неа, а тој само прибирал податоци во улога на финансиски консултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот