Пронајдени уште 182 анонимни гробови на домородни деца во Канада

Уште 182 анонимни гробови се откриени во близина на поранешното католичко училиште Свети Јуџин во близина на Кранбрук, Канада.

Во новооткриените гробови воглавно се закопани домородни деца на возраст од седум до 15 години.

Во изминатите неколку недели откриени се стотици необележани гробови на местата на поранешни резиденцијални училишта за домородни деца. Со таквите училиштата раководеше Католичката црква во име на државта од 1840 па се до 90-тите години на минатиот век.

Повеќе од 150.000 домородни деца биле насилно испраќани во училиштата финансирани од канадската Влада и управувани од Католичката црква со цел за насилно асимилирање на домицилниот народ.

Во двор на црковен интернат во Канада пронајдени посмртни останки од 751 дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот