Пронајдена мајката која си го остави новороденчето во парк: ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ – Слободен печат
ВестиМакедонија

Пронајдена мајката која си го остави новороденчето во парк: ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ

Бебето вчера беше пронајдено во парк во Топанско Поле од случаен минувач.

Полицијата ја пронашла мајката која го остави своето новороденчето во парк до скопската населба Топанско Поле. Таа е малолетна и дала изјава дека не е во можност да се грижи за бебето, а тоа нема друг родител. Во присуство на нејзината мајка која и е законски старател, девојчето било однесено на лекар.

– Малолетната мајка даде изјава дека не е во можност да се грижи за своето дете поради што, откако ќе се стабилизира неговата здравствена состојба, тоа ќе биде префрлено во згрижувачко семејство. Мајката има рок од три месеци да се предомисли, а ако тоа не се случи, бебето ќе биде дадено на посвојување – вели Наташа Станојевиќ, директорка на Цетарот за социјални работи во Скопје.

Дали мајката ќе одговара затоа што детето го оставила во паркот веднаш по породувањето, ќе треба да се изјасни полицијата.

Бебето вчера беше пронајдено во парк во Топанско Поле од случаен минувач. Потоа беше пренесено на Клиниката за детски болести каде му е дадена неопходната медицинска грижа и тоа е во добра општа состојба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Еден коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close