Слободен печат/Драган Митрески

Еден од македонските олимпијци паднал на допинг-тест?

Денеска се одржа прес-конеренција на која МОК ги претстви спортистите кои ќе ја претствуваат Македонија на Зимските олимписки игри во Кортина и Милано, а изненадувачки пред новинарите не се појави Мирко Лазарески, кој претходно беше најавен како еден од нашите претставници во Италија.

Наместо Лазарески, на денешната прес-конференција се појави Виктор Петков, без никаква претходна најава.

Според објавените информации на порталот „МКД.мк“, причината за ваквиот пресврт е тоа што Мирко Лазарески наводно паднал на допинг-тест. Засега за случајот нема реакција од МОК или Скијачката федерација на Македонија.

На прес-конференцијата која се одржа денеска, не беа објавени информации на оваа тема.

ГАЛЕРИЈА | Четворицата олимпијци подготвени да ги бранат боите на Македонија во Кортина

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот