Пролет беше блиску до сензација против Вардар

Фото: РК Вардар

Eкипата на Вардар се мачеше на гости против Пролет за на крајот да дојде до победа во неизвесен натпревар со 21:20.

Се очекуваше Вардар рутински да дојде до победата, но на крајот се претвори во неизвесен дуел до самата завршница. Вардар во најголем дел од првото полувреме имаше предност, но Пролет пред крајот на првите 30 минути со серија од 4:0 замина на пауза со водство од 8:6.

Вториот дел донесе поефикасна игра и на двете страни, а водството на Пролет беше се до 55. минута (17:16). Вардар во финишот изврши притисок и дојде до триумф од 21:20.

Јапонецот Јасихура беше најефикасниот кај Вардар со шест голови, додека Срдановиќ постигна пет. Во редовите на Пролет Андреј Стојановски беше стрелец на пет гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот