Програмата на ВМРО-ДПМНЕ била препишана од ЛДП, тврди Зајкова

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова вели дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ во голем дел ја препишала програмата од нејзината партија. Зајкова смета дека опозицијата внимателно ја слушала конвенцијата на ЛДП во октомври минатата година и се инспирирала, па оттаму потекнуваат сите мерки и политики кои ги промовирале.

„Прво сакам да ја поздравам програмата на ВМРО ДПМНЕ, мило ми е што внимателно ја слушале конвенцијата на ЛДП во месец октомври, бидејќи апсолутно ги препишале сите мерки и политики кои што и ЛДП ги промовира во одредени области, така што барем еве во парламентот некако заеднички ќе се бориме за тие да станат реалност, како што се една изборна единица, 90 пратеници и други“ вели Зајкова во интервју за ТВ Тера.

Вели, доказ за ова биле временските интервали – кога некој ја промовирал и кога следниот ја промовирал, јасно е дека голем дел од работите ги преземал.

„Во многу делови ја имаат препишано, еве на пример, една изборна единица, 90 пратеници, нешто што се наоѓало во изборната програма има излез уште во 2011 година, нешто што се наоѓа во секоја важна програма, реорганизација на министерствата и спојување на дел од министерството за труд и социјална политика со министерството за образование, рамниот данок….“ рече претседателката на ЛДП.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот