Фото: Фејсбук

Професорот Калајџиев за „Безбеден град“: Се чувствувам како Големиот брат да нè лови по улици

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, јавно реагираше по официјалниот почеток на казнувањето за сообраќајни прекршоци преку системот на камери „Безбеден град“, искажувајќи негативен став за проектот.

Тој вели дека има чувство како да го следи Големиот брат, сеприсутното око и уво од дистопискиот роман на Џорџ Орвел, „1984-та“.

„Гледам главно позитивни реакции на “безбеден град”. Јас лично се чувствувам како Големиот брат да нè лови по улици. Пс. Прво почна да нè слуша, да нè следи… Ништо не остана од приватноста…“, напиша тој во објава на социјалните мрежи.

Сто и еден возач добија забрана да возат на првиот ден со „Безбеден град“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот