Продолжуваат протестите во Белорусија, приведени 20 демонстранти

Полицијата опколува мирни демонстранти на протестот / 26 август 2020 Минск, Белорусија / EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Полицијата во Белорусија приведе 20 демонстранти, кои вчера повторно се собраа на плоштадот во центарот на Минск да протестираат, барајќи оставка на белорускиот лидер Александар Лукашенко.

И вчера се одржаа протести во белоруската престолнина / 26 август 2020 Минск, Белорусија / EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH
Полицијата приведува демоснтратни / 26 август 2020 Минск, Белорусија / EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Новите апсења на демонстрантите, кои се на улиците повеќе од две недели, следуваа по зголемениот притисок од властите врз опозицијата.

Полицијата опколува мирни демонстранти на протестот / 26 август 2020 Минск, Белорусија / EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH
26 август 2020 Минск, Белорусија / EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Неколку активисти се уапсени во последните неколку дена, додека други беа повикани на разговор, а на десетици демонстранти им е наредено да се појават на суд.

Полицијата апси постар маж / 26 август 2020 Минск, Белорусија / EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH
Полицијата апси постар маж / 26 август 2020 Минск, Белорусија / EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH
26 август 2020 Минск, Белорусија / EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH
26 август 2020 Минск, Белорусија / EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH
26 август 2020 Минск, Белорусија / EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH
26 август 2020 Минск, Белорусија / EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH
Четири жртви на протестите во Белорусија / Август 2020, Минск, Белорусија / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH
Полицијата блокира влез на црква каде демонстранти се кријат за време на протестите / 26 август 2020, Минск, Белорусија / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH
26 август 2020 Минск, Белорусија / EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Протести се одржаа и во останатите белоруски градови, а толпа луѓе се собра и пред белоруската амбасада во украинската престолнина Киев.

Протести пред белоруската амбасада во Киев, Украина / 26 август 2020 Киев, Украина / Фото: EPA-EFE

Протестите почнаа по објавувањето на официјалните резултати од претседателските избори на 9 август, според кои Лукашенко го освои шестиот последователен претседателски мандат со 80 проценти од гласовите, а неговата противничка Светлана Тихановскаја помалку од 10 отсто од гласовите.

Минск, Белорусија / 23 август 2020 / Фото: EPA-EFE/YAUHEN YERCHAK

Опозицијата смета дека изборите биле нерегуларни и повика тој да си даде оставка по 26 години власт. 

25 август 2020 Минск, Белорусија / EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Илјадници граѓани од цела територија на Белорусија бараат правдата на улиците речиси 20 дена.

КУЛТУРНИ ДЕМОНСТРАНТИ: Белорусите го рушат Лукашенко, но и прават работи кои го воодушевуваат светот (ФОТО+ВИДЕО)

Во меѓувреме поголем број демонстранти беа брутално нападнати од полицијата, како и малтретирани откако многумина од нив беа приведени.

Модри од пендреци и ѓонови – лекар сведочи за демонстрантите претепани од полицијата во Минск (ФОТО)

Лукашенко пристигна во резиденцијата во Минск со пушка во рака (ВИДЕО)

На Лукашенко му се случи исто како и на Чаушеску, работниците му го прекинаа говорот (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот