Лукашенко пристигна во резиденцијата во Минск со пушка во рака (ВИДЕО)

epa08618127 Belarusian President-elect Alexander Lukashenko speaks with riot police and OMON special forces commanders in Minsk, Belarus, 21 August 2020 (issued 22 August 2020). EPA-EFE/ANDREI STASEVICH / BELTA / POOL MANDATORY CREDIT

Претходно дел од белоруските медиуми  објавија дека хеликоптер слета на територијата на Палатата и претпоставуваа дека со него ќе биде евакуиран Лукашенко.

– Кабинетот на белорускиот претседател деманитира дека хеликоптерот што слета пред Палатата на независноста требало да го евакиира Александар Лукашенко.

Според Кабинетот, Лукашенко не е евакуиран туку со хеликоптер пристигнал во својата резиденција. На социјалните медиуми објавена е снимка како Лукашенко се симнува од хеликоптер, носи панцир, а во раката држи пушка.

Претходно дел од белоруските медиуми  објавија дека хеликоптер слета на територијата на Палатата и претпоставуваа дека со него ќе биде евакуиран Лукашенко.

Според објавите на социјалните мрежи на денешниот протест во Минск учествуваат повеќе од 250.000 луѓе, додека според проруските агенции бројот на демонстранти изнесува 70.000.

Во меѓувреме формиран е „Синџир на слободата” долг 30 километри од главниот град на Литванија, Вилнус до границата со Белорусија. На демонстрантите им се придружи и поранешната литванска претседателка Далија Грибускајте.

Десетици илјади демонстранти ги продолжија протестите: Во Минск и другите градови се протестира две недели (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот