Продолжува изградбата на велосипедската патека Делчево – Илин Камен

Изградба на патот Делчево-Илин Камен/ Фото Facebook Горан Трајковски - Градоначалник на Општина Делчево

Во Делчево во тек се градежни работи за доизградба на дел од велосипедската патека Делчево-Илин Камен во рамките на која се градат улици во село Ѕвегор, како дел од патеката, во должина од 720 метри.

Проектот како што информираат ид Општината се реализира во насока на промоција на природниот раритет  Илин Камен во непосредна близина на Ѕвегор, зголемување на потенцијалите и содржините на туризмот во Делчево, како и промоција на велосипедизмот и рекреативното пешачење.

– Средства се обезбедени од Министерство за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, а во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој, проект за развој на подрачјата со специфични развојни потреби. Висината на инвестицијата чии градежни работи ги изведува фирмата СД Транс, како најповолен понудувач, согласно со проектираните цени е 4,9 милиони денари со вклучен ДДВ, од кои од Бирото за рамномерен регионален развој се обезбедени 3,5 милиони денари, информираа од Општината.

Со оваа инвестиција како што додадоа ќе биде реализиран и вториот дел од велосипедската патека која поминува низ село Звегор.

– За целосна имплементација и финализирање на патеката ќе остане да се поврзе селото Звегор со локалитетот Илин Камен, фаза која предвидува уредување на шумскиот пат со потпорни ѕидови на местата, каде патот е уништен со ерозија на земјиштето, додадоа од Општината.

Инвестицијата според планираното треба да биде завршена до крајот на 2021 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот