Продаден „Лукоил“ во Србија
Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ објави дека се договорил со групацијата „Гунвор“ да ѝ ги продаде сите свои средства во странство. Ова доаѓа откако „Лукоил“ објави дека поради американските санкции го продава целиот свој имот во странство.
Препорачано
Според Нова.рс, клучните услови на трансакцијата биле претходно договорени меѓу страните.
„Лукоил“ наведува дека понудата дадена од групацијата „Гунвор“ за купување на „Lukoil International GmbH“ со седиште во Австрија е прифатена и дека компанијата се обврзала да не преговара со други потенцијални купувачи. Пред да склучи обврзувачки договор и монетарна трансакција, потребно е групацијата „Гунвор“ да добие дозвола од ОФАК, агенцијата на Министерството за финансии на САД што воведе санкции врз „Лукоил“.
„Доколку е потребно, страните планираат да поднесат барање за продолжување на постојната лиценца OFAC и сите дополнителни лиценци со цел да се обезбеди непречено работење во странство и банкарски услуги во периодот до завршувањето на трансакцијата“, се вели во соопштението на Лукоил.
Се додава дека продажбата на Lukoil International GmbH, која е сопственик и на балканските филијали на „Лукоил“, меѓу кои и онаа во Македонија, е последица на рестриктивните мерки на некои земји воведени против компанијата и нејзините подружници. Групацијата „Гунвор“ е компанија регистрирана на Кипар, која е основана во 2000 година од шведскиот милионер Торбјорн Торнквист и рускиот олигарх Генадиј Тимченко, кој подоцна ја напушти компанијата.
Компанијата се смета за четврти најголем трговец со сурова нафта во светот. Поголемиот дел од нафтата што ја тргува „Гунвор“ е од Америка, иако работи и со нафта од Африка, Азија и Јужна Америка.
По санкциите наметнати врз Русија поради војната во Украина, „Гунвор“ престана да тргува со руска сурова нафта.
„Лукоил“ си оди поради санкциите – руската компанија го продава целиот имот во странство


