Проблеми со увозот на некои суровини од регионот, застој и на транспортор од Турција

камиони
Камиони/ Фото: МИА

Решавањето, на проблемот со транспортот во Турција се одвива отежнато и бара упорност, вели Јовановски.

Сé уште не е решен проблемот со задржувањето на македонските камиони на турските граници и застојот на транспортот во Турција, а се прават напори и за обезбедување суровини од регионот за потребите на домашните производствени компании, соопшти денеска Стопанската комора на Македонија.

– Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески е во континуирана комуникација со колегите од сите стопански комори од регионот. Комуникацијата се одвива преку мрежата на Коморскиот инвестициски форум и мрежата на Асоцијацијата на европски комори за комерција и индустрија, соопшти главниот советник за економски прашања на Управниот одбор на Комората, Зоран Јовановски.

Според него, целта е да се обезбеди непречено снабдување на македонските компании со суровини и репроматеријали, особено за производите кои се неопходни за задоволување на основните животни потреби на населението и производите кои се поврзани со справување и спречување на ширењето на коронавирусот.

Решавањето, на проблемот со транспортот во Турција се одвива отежнато и бара упорност, вели Јовановски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот