Про-За Балкан: Исмаил Кадаре е лауреат на „Прозарт 2020“

Книжевната награда „Прозарт“, која Интернационалниот литературен фестивал „Про-За Балкан“ му ја доделува на истакнат писател за авторскиот придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, оваа 2020 година му припадна на големиот албански писател Исмаил Кадаре за неговиот импозантен повеќедецениски романсиерски и есеистички опус, кој редовно предизвикува највисоки одгласи кај европската и светската критика.

Поради неможноста фестивалот да се одржи во вообичаениот термин (крај на мај), лауреатот ја доби наградата, која се состои од статуетка и паричен дел, во неговиот дом во Париз.

– Се натажив што нема да можам да ја прифатам поканата на фестивалот за лично да ја примам наградата, која љубезно ми ја доделивте, но поради моменталната пандемија се надевам дека ова писмо на благодарност од далечина е доволно – напиша Кадаре во својата благодарност за наградата.

Организаторите најавуваат дека 8. издание на фестивалот „Про-За Балкан“ ќе се одржи наесен.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 35, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 13-14 јуни 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот