Призната автокефалноста на МПЦ-ОА и од страна на романската православна црква

Соборен храм Свети Климент Охридски / Фото: Слободен печат.
Соборен храм Свети Климент Охридски / Фото: Слободен печат.

Светиот синод на Романската православна црква донесе одлука за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА според томосот издаден од СПЦ на 5 јуни 2022 година.

Според вчерашната одлука на Синодот на Романската православна црква, што ја пренесува црковниот сајт „orthodoxtimes.com“, признавањето е под името „Архиепископија Охридска и на Северна Македонија, со седиште во Скопје“, а поглаварот се именува со „Негово Блаженство, Стефан, Архиепископ Охридски, Скопски и на Северна Македонија“.

Порталот „orthodoxtime.com“ пишува дека со одлуката да го признае српскиот томос, Романската црква исто како и СПЦ, ги нарушува вековните традиции во Православната црква и директно ја оспорува јурисдикцијата на Вселенската патријаршија како единствено надлежна за доделување автокефалност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот