Привремениот либански премиер вели дека неговата земја не сака војна, туку само мир

Наџиб Микати / Фото EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Привремениот либански премиер Наџиб Микати изјави дека „правилата за водење на воените дејствија на јужната граница меѓу Либан и Израел остануваат исти, но нема меѓународни гаранции што ќе ни дадат каква било безбедност“.

„Гледаме дека агресијата врз Газа се спроведува секојдневно и никој не се грижи за тоа, ниту пак предизвикува меѓународни реакции“, рече Микати во интервју за Турската радио-телевизија (ТРТ).

„Ние не сакаме војна и се стремиме кон мир, а во исто време не сакаме некој да ја осквернува либанската земја“, додаде тој. „Ние целосно ја поддржуваме палестинската кауза, но се трудиме да го поштедиме Либан да не влезе во крвави борби“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот