Привремен механизам за доброволно враќање во земјите на потекло за 5000 мигранти од грчките острови

Фото: МИА

Формирање специјален механизам што ќе им дава можност на мигрантите кои што се наоѓаат во камповите на грчките острови во рок од еден месец, доброволно да се вратат во земјите од кои што потекнуваат и при тоа да добијат парична помош во висина од 2000 евра, соопштија европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансен и министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис по нивната денешна средба, јави дописничката на МИА од Атина.

„Во период од еден месец ќе отвориме можност за мигрнатите на грчките острови, во пренатрупаните кампови да се пријават за волонтерско враќање и да им се дадат пари, 2000 евра за да им се помогне одново да се интегрираат во земјите на потекло. Ова е можност што ќе биде отворена само на еден месец, но мислам дека е можност да се намали притисокот на островите и за другите луѓе кои што сѐ уште во камповите, рече Јохансон, објаснувајќи дека оваа можност ќе биде за мигрантите кои пристигнале во Грција пред 1 јануари 2020“, рече комесарката за внатрешни работи.

– Со Европската комесатка Јохансон, разговаравме за моменталната ситуација на нашите острови, што не може и понатаму да биде иста. Веќе соопштивме префрлање на 10 000 мигранти во други делови на земјата во 2020. Денес соопштуваме дополнително растеретување на островите со доброволно префрлување на 5000 баратели на азил во нивните земји на потекло. Побаравме и добивме финансиски средства за програмата. Но, и средства за активности што ќе придонесат за подобрување на ситуацијата на островите и во континентална Грција – рече Митаракис.

На средбата, станало збор и за децата бегалци без придружба, за кои Јохансон рече дека е прашање за кое итно треба да се најде решение.

Истакна дека седум земји членки веќе се согласиле да преземат дел од децата, односно да има околу 1600 префрлувања на деца бегалци без придружба од Грција и грчките острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот