Приведено лицето кое упатуваше закани кон екс пратеничката Весна Дамчевска Илиевска

МВР попладнево во населбата Бутел 1 го лиши од слобода било лицето С.Ч. (29), пријавен од екс пратеничката и актуелен делегат ВМРО-ДПМНЕ, Весна Дамчевска Илиевска, дека синоќа упатил вербални и пишани закани и навреди кон неа.

Според информации на Плус 24 се работи за лице кое подолго време отслужувало затворски казни и е познат како извршител на повеќе кривични дела.

Весна Дамчевска Илиевска екс пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ за овој настан, извести попладнево јавноста преку соопштение.

-Агресивноста и заканите повеќе говорат за насилникот, отколку за жртвата.  Знак на слабост и немање на вистински аргументи е испраќањето на разни ликови кои се закануваат и нарушуваат нечиј мир, не водејќи сметка за туѓите семејства. Да, пријавив закани и тормозење во полиција и ќе продолжам да пријавувам. Насилство нема да толерирам!  Очекувам полицијата да постапи. Мене нема да ме заплашите, ниту ќе отстапам од својот став само дека на ВМРО-ДПМНЕ му е потребен вонреден Конгрес и промени- наведува таа во соопштението.

Се претпоставува дека овие закани имаат нарачател кој не е задоволен од минатонеделното барање на Весна за свикување на конгрес на ВМРО и барање на одговорност на Мицковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот