Фото: КФ Беса/Фејсбук

Приведени двајца фудбалери на Беса по нападот на голманот на Аеродром

Во инцидент што се случи вчера во Кумановско Слупчане, за време на натпреварот од Третата лига Север помеѓу ФК Беса и ФК Аеродром, голманот на Аеродром беше физички нападнат од двајца фудбалери на домашниот тим. Нападнатиот голман беше пренесен во болница во Скопје со тешки телесни повреди.

Полицијата по интервенцијата ги лиши од слобода двајцата фудбалери од ФК Беса, О.Д. (32) и Е.А. (18), кои се осомничени за нападот. Полицијата во Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сите инволвирани лица. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 26.10.2025, во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д. и Е.А., играчи на фудбалскиот клуб Беса од Слупчане, поради тоа што на фудбалски натпревар физички нападнале играчи од гостинскиот клуб Аеродром. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот“, се наведува во соопштението од МВР.

 

Преземено од: Спорт.ком

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот