Приведен криумчар на мигранти на граничниот премин Стар Дојран

– На граничен премин Стар Дојран, вчера напладне полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Стар Дојран го лишиле од слобода М.К.(47) од Република Србија, кој со камион превезувал 20 мигранти.

Како што се наведува во соопштението од МВР, полицијата во содејство со царински службеници извршила контрола во товарното возило „Даф” со полуприколка со српски национални ознаки, кое го управувал државјанинот на Србија, при што биле пронајдени 20 лица мигранти од Сирија.

-Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот