Приведен крадец „специјалист” за верски објекти

Полицијата привела лице кое се сомничи за повеќе тешки кражби во верски објекти регистрирани во последни три години. Приведениот и претходно бил осудуван, а до скоро по него била распишана потерница.

Вчера околу 13 часот на улица „ЈНА” во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода С.А.(54) од скопско Студеничани.

С.А. се сомничи дека изминатите три години на гостиварското подрачје извршил неколку тешки кражби, претежно во цркви, како и повеќе тешки кражби на други подрачја во нашата држава, исто така, најмногу во верски објекти. Освен во гостиварско, тој ооерирал и во кичевско и демирхисарско.

С.А. задржан е во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци, по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа  „Идризово” во Скопје за издржување на затворската казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот