Приведен главниот противкандидат на Лукашенко за претседателските избори

epa08478962 Viktor Babariko, a candidate in Belarus' 2020 presidential elections and the former head of Belgazprombank, addresses reporters during a press conference in Minsk, Belarus, 11 June 2020. The presidential campaign has kicked off in Belarus, with the election scheduled for 09 August 2020. EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Бабарико и неговиот син Едуард утрото биле однесени во Дирекцијата за финансиски истраги на Комисијата за државна контрола.

Кандидатот за претседател на Белорусија, поранешен началник на „Балгазпромбанк”, Виктор Бабарико, е приведен. Според  Иван Тертел, претседател на Комитетот за државна контрола во Белорусија, Бабрико е приведен бидејќи се обидел да влијае врз сведоци и криење докази.

– Бабарико беше приведен затоа што е директен организатор, водач на нелегални активности, обидувајќи се да влијае врз сведоците, криеше траги од претходни криминали и буквално следниот ден да отстрани голема сума пари од сметките контролирани од него, рече Тертел.

Бабарико се смета за главен противкандидат на актуелниот белоруски претседатл Александар Лукашенко.

Според Тертел, можно е да биле поставени шеми за перење пари преку кои се канализирале големи количини на валута кон контролирани странски банки. Една од тие структури е латвиската банка АБЛВ каде според неогви тврдења повеќе од 430 милиони американски долари се повлечени од сметките на„ Белгазпромпбанк во последните неколку години во интерес на таа банка.

Бабарико и неговиот син Едуард утрото биле однесени во Дирекцијата за финансиски истраги на Комисијата за државна контрола. Во меѓувреме, беше извршен претрес на домот на Бабарико.

Кандидатот за претседател беше сослушан во врска со неплаќање данок и легализација на нелегално добиените приходи во рамките на истрагата за активностите на „Белгазпромбанк”. На 17 јуни смтката на Бабарико во која се донации за изборите беше блокирана, а париуте од неа запленети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот