Притворениот телохранител почнал да го обезбедува Мицкоски само што станал премиер

Ангел Сарамаков, член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски му станал телохранител десетина дена откако во Собрание беше изгласана новата влада на чело со него.

Според официјалните податоци што ги доби „Слободен печат“ од Министерството за внатрешни работи, Сарамаков бил вработен во Министерството од 2015 година, станал самостоен инспектор за обезбедување на претседател на Влада од 2 јули 2024 година, а Владата беше изгласана претходниот месец, на 23 јуни истата година.

– Ве известуваме дека лицето А.С. засновал работен однос во МВР на 05.10.2015 при што истиот во текот на неговиот работен однос во МВР бил на следниве работни места:
– „помлад инспектор“ сметано од 2016 година заклучно до 2020 година,
– „виш инспектор“ сметано од 2020 година заклучно до 01.07.2024 година,
и „самостоен инспектор за обезбедување на претседател на Влада на РСМ“ сметано од 02.07.2024 година – се вели во одговорот од Министерството за внатрешни работи.

Тој е во триесетдневен притвор под сомнение дека одал службена тајна откако во неделата кај него беа најдени службени документи со кои сакал да тргува односно да ги продаде за 50 илјади евра.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека ова е еден од случаите каде МВР покажува дека неселективно се бори против криминалците во своите редови, но во интерес на истрагата не откри детали и како стигнал Срарамаков до тие документи.

Против него од 2020 до 2024 година во Одделот за внатрешна контрола при МВР против Сарамаков биле добиени четири претставки и било констатирано дека две биле основани и Одделот поднел предлози за поведување постапка за утврдување одговорност за повреда на работниот ред и дисциплина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот