Притворениот директор на „Комунална хигиена“ поднел оставка – неговата одбрана прстот го впери во Управниот одбор
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми кој вчера доби триесетдневен притвор за ѓубрето во кое се давеше главниот град, поднел оставка до Советот на Град Скопје за да не ја попречува истрагата, но неговиот адвокат тврди дека тој воопшто не се чувствува виновен туку прстот го впери во Управниот одбор на претпријатието кој на чие чело е Јулијана Спировска за која градоначалничката Данела Арсовска тврди дека е блиска до ВМРО-ДПМНЕ.
Препорачано
Адвокатот на Рустеми Асмир Алиспахиќ вели дека имаат голем број на докази со кои ќе докажат дека сега веќе поранешниот директор преземал дејствија за обезбедување потребна механизација, поголеми ресурси и вработувања кои не му ги одобрувале од Управниот одбор.
– Тоа е чин кој што ќе овозможи непречено водење на истрагата со цел да докажеме дека директорот нема никаква поврзаност со делото, а во насока дека ниту може да влијае, ниту влијаел, ниту ќе попречи какво било водење на истрагата. Станува збор за ретко кривично дело, кое не толку често се појавува во нашиот кривично-правен систем. Станува збор за членот 230 од Кривичниот законик кој со измените од 2023 година добива еден поголем опсег – вели Алиспахиќ.
Тој вели дека Рустеми денеска од затвор ќе ја достави оставката и до градоначалниката и до Управниот одбор на претпријатието.
Рустеми заедно со Аки Саити, раководител на секторот за управување со отпад во ова претпријатие вчера добија триесетдневен притвор и се товарат за ѓубриштата низ Скопје, односно алармантната состојба низ градот од што почнаа да излегуваат стаорци иако Комунална тврдеше дека го собира ѓубрето.
Приведени директорот на „Комунална хигиена Скопје“ и уште еден раководител


