Притвор за кумановец кој повреди полицаец

Осум дена притвор му одреди на триесет и седумгодишен кумановец кој завчера повредил полицаец, а претходно и се заканувал на мајка му. Тој е обвинет за кривични дела загрозување на сигурноста и за напад на службено лице при вршење работи од безбедноста.

Обвинителството тврди дека при семејно насилство, ја загрозил сигурноста на неговата мајка со која од претходно имале нарушени односи. Притоа употребил сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот. Откако била повикана полиција и полициските службеници се обиделе да разговараат со оштетената. Тогаш сега осомничениот најпрво со вратата, а потоа и со раката удрил еден од полицајците, нанесувајќи му посекотина.

Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван за кривични дела, а живее во иста куќа со оштетената, надлежниот јавен обвинител побара, а судот го прифати барањето за определеување на притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот