Пристигнува најлошиот ретрограден Меркур оваа година: Кои денови во декември ќе бидат пеколни?

Фото: Xmag.live/ Rawpixel

Меркур од 13 декември влегува во ретроградна состојба во Јарец и останува таму до 3 јануари 2024 година. Кога Меркур е ретрограден во Јарец, може силно да влијае на нашите размислувања, комуникација и планирање.

Еден ден пред да тргне ретроградно, Меркур запира. Можеме да замислиме автомобил кој во возењето треба да тргне во рикверц. За ова да биде возможно, прво забавува брзината, потоа застанува, а потоа тргнува назад. Така и Меркур.

Бидејќи претставува планета која симболизира комуникација, трговија, технологија, електроника, потоа документација, администрација и воопшто донесување одлуки и логично рационално размислување, можеме да очекуваме дека на денот кога ќе стои, кога ќе биде во мирување, тоа ќе предизвика разни видови на блокади.

Вашиот мозок застанува. Вашиот автомобил застанува. Лифтот застанува. Се блокира компјутерот или телефонот. Не сака да се отвори датотеката. Важен состанок се одложува. Сообраќајот е во застој. Некој некаде чека. Немој тоа да бидеш ти.

Затоа се советува во деновите кога Меркур е во мирување (стациониран), да не планираме ништо што ни е од големо значење. Да не правиме планови за тој ден, затоа што големи се шансите да ни се изјаловат. Овој период треба да биде без стрес.

Фото: Banco de Imágenes Geológicas/Flickr

Меркур, планетата на логичното расудување, тргнува по ретрограден од во Јарец на 13 декември и ќе продолжи со тоа темпо до 3 јануари 2024 година.

Во текот на овој период чести се проблемите во комуникацијата, луѓето се однесуваат импулсивно без многу размислување, па многу чести се недоразбирањата, забуните и кавгите.

Што не треба да правите додека е ретрограден Меркур

Бидејќи Меркур владее со комуникацијата, ова е време на недоразбирања, па затоа е попаметно да избегнувате важни разговори, договори, преговори, потпишување договори итн.

Меркур владее со транспортот и технологијата, па затоа ова не е добро време за купување автомобили, телефони, компјутери, бела техника и други апарати.

Не е добро време ниту за покренување нова веб-страница, веб-продавница и слично. Како ниту за менување домени, банки, ниту за отворање нови банкарски сметки, ПејПал итн.

Избегнувајте сè е поврзано со администрацијата. Ова е време кога ќе ви побараат уште еден документ, кога погрешно ќе го заведат вашиот случај, кога софтверот погрешно ќе ги поврзе податоците и тоа нема да биде ничија грешка (туку ваша).

Меркур владее и со трговијата, па и на тоа поле може да очекуваме заплетки, затоа додека е ретрограден, не треба да отворате продавница, фирма, здружение…

Тоа не е време за објавување книги, ниту е-книги, како ниту за започнување циклуси работилници, проекти и сè друго што треба да трае низ времето.

Тогаш не менувајте ги шифрите (лозинките).

Не одете во катастар, ниту суд, не поднесувајте никакви молби, барања и сл.

Не се подложувајте на хируршки зафати и операции кои можат да почекаат, пишува порталот „Астросестре“.

Фото: Stuart Rankin / Flickr

Колапс во комуникацијата

Јарецот е поврзан со авторитетот и структурата. Во текот на ретроградниот Меркур, може да се појавуваат предизвици во комуникацијата со авторитетите или претпоставените.

Ретроградниот Меркур ќе донесе проблеми во комуникацијата за сите знаци, а најмногу ќе ги погоди Овните, Јарците, Вагите и Раковите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот