Пристигнаа 126 македонски граѓани од Словенија кои се упатуваат во задолжителен карантин

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Во попладневните часови ќе бидат вратени наши граѓани од Минхен, а за утре се предвидени два лета од Берлин и Келн/Бон, соопштија од МНР.

Министерството за надворешни работи информираше дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија, за денес и утре организираше чартер летови за враќање на македонски државјани во земјата.

– Од Словенија направена е репатријација на 126 лица, кои пристигнаа на скопскиот аеродром и се упатуваат во задолжителен државен карантин. Во попладневните часови ќе бидат вратени наши граѓани од Минхен, а за утре се предвидени два лета од Берлин и Келн/Бон, соопштија од МНР.

Од Министерството наведоа дека чартер летовите ги реализира авиопревозникот Wizzair, којшто за овие четири дестинации на јавниот повик од Владата на Република Северна Македонија, понуди најниска цена. Цената за авио билетот, како што посочија од МНР, се определува од вкупната цена на летот поделена со број на патници.

Министерството за надворешни работи упати благодарност кон надлежните власти во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово/НАТО, Србија, Германија, и Австрија за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности.

Од МНР наведоа дека продолжуваат со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот