Припадници на МВР и Армијата ќе бидат ангажирани како поддршка на затворската полиција во Идризово

Затворот во Идризово, Фото: МИА

По седниците на Групата за процена и Управувачкиот комитет, што се одржаа во Центарот за управување со кризи, беше донесена одлука припадниците на МВР и Армијата да бидат ангажирани како поддршка на затворската полиција на КПД Идризово.

Од ЦУК информираат дека оваа одлука е донесена откако била согледана фактичката состојба во оваа установа од безбедносен аспект.

-Еден од главните проблеми со кои се соочува оваа казнено поправна установа е недостатокот на кадар во затворот. Бројот на вработени лица во затворската полиција е недоволен за да ги задоволи секојдневните потреби и активности во најголемата казнено поправна установа во државата. Кон ова решение се пристапува поради важноста на потребата од нови вработувања во затворот при што приоритет ќе се дава на пополнување на испразнети места во затворската полиција, велат од ЦУК.

Тие информираат дека Владата ќе го задолжи ресорното Министерство за правда заедно со раководителите на казнено поправните установи во земјата, да изнајдат соодветнен начин за подобрување на условите на вработените во затворите, како и вработување на нов кадар одговорен за безбедност и ресоцијализаиција на затворениците.

-Владата и институциите ќе продолжат да ги вложуваат сите напори, казнено поправните домови во државата да ги достигнат меѓународните и националните стандарди на човековите права, со што би им се овозможил соодветен третман на осудените лица, додаваат од Центарот за управување со кризи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот