Принцот Хари луто и нареди на војвотката, Меган за малку не се расплака (ВИДЕО)

Foto: Karwai Tang

Несекојдневниот однос на принцот Хари и војвотката од Сасекс го забележа камерата на неодамна одржаната свеченост во Бекингемската палата.

Имено, познатиот кралски пар го снимила камерата во моментот додека принцот Хари стоеше зад својата сопруга Меган маркл, која се заврте кон него сакајки да му каже нешто.

Изгледа, сепак, дека не можела да го направи тоа, бидејќи тој со лут израз на лицето и одговори, по што таа се заврте и за малку не заплака.

Експертите за читање од усни тврдат дека принцот и кажал на војвотката да се заврти и да гледа напред.

„Заврти се… гледај“, беше неговата реакција, тврди експерт за читање од усни на Дејли Мејл.

Во моментот кога Меган била завртена кон принцот започнала химната и се очекува сите членови на Кралското семејство да гледаат напред. Снимката од ова случување предизвика бројни реакции и коментари на социјалните мрежи.

Некои сметаат и дека принцот Хари му давал наредби на детето од кралското семејство да ја слуша химната, додека други изразија разочарување и забележаа дека Меган Маркл навистина изгледа тажно.

„Изгледа како да ќе заплака“, „Очите и се тажни и полни со солзи“, се само некои од коментарите.

Ова е првото видео на кое принцот и војвотката имаат „лош момент“ во јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот