Принцот Филип преместен во друга болница

Британскиот принц Филип, сопруг на кралицата Елизабета Втора, беше преместен во друга болница во Лондон за понатамошно лекување на инфекцијата и набљудување на постоечките проблеми со срцето, објавија од Бакингемската палата.

Принцот Филип помина 14 дена во болницата „Кинг Едвард VII“, а денеска ќе биде пренесен во болницата „Свети Вартоломеј“ во Лондон.

EPA-EFE
EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Имено, лекарите ќе продолжат да го лекуваат од инфекцијата и дополнително ќе ја набљудуваат постоечката здравствена состојба на неговото срце, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Се очекува принцот Филип да остане во болница барем до крајот на неделата, се вели во соопштението од палатата. Изминатиов период од палатата потврдија дека не станува збор за коронавирус, но не објаснија за каква инфекција се работи.

Принцот Филип кој во јуни треба да го прослави својот 100-ти роденден, во 2017 година се повлече од сите кралски должности, а со кралицата Елизабета се појавува во јавност само на посебни, важни државни и семејни прилики. Кралицата Елизабета и принцот Филип имаат четири деца, а во текот на својот живот имаа неколку илјади посети низ целиот свет и заедно ги надминаа најголемите скандали во британската кралска историја.

Принцот Филип е „многу подобар“, но останува во болница: Го лекуваат од инфекција

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот