Принцот Хари и Меган Маркл во нови неволји: Дванаесетти човек поднесе оставка од нивната компанија

меган маркл
Меган Маркл и Принц Хари / Фото: EPA-EFE/REMKO DE WAAL

Бројни експерти од британската монархија во минатото проговорија за тоа колку е тешко да се работи со Меган Маркл и се жалеа на нејзиното арогантно однесување. Иако таа ги негираше обвиненијата, новиот расплет на ситуацијата со персоналот на непрофитната организација „Archewell“ може да биде знак дека поранешната војвотка не е сјаен работодавец.

ФОТО | Меган Маркл го бакна принцот Хари на спортски настап: Со модниот избор потсети на Дијана

Според странските медиуми, ПР експертката Тоја Холнес била една од најдоверливите личности на поранешната кралска двојка, принцот Хари и Меган Маркл. Но, успешната Американка решила да ги напушти своите работодавци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sussex Daily (@sussexdaily)

Оние кои верно ги следат Меган и Хари знаат дека Холнес ѝ беше „сенка“ на Меган бидејќи во неколку ситуации беше многу слично облечена и од страна ги следеше сите јавни настани на поранешната кралска двојка.

Парот ја вработил набргу по напуштањето на палатата и таа била задолжена за односи со јавноста и медиумите. Таа е специјализирана за кризен ПР, кој му беше потребен на младиот пар по скандалозното заминување од Велика Британија.

Да потсетиме, само минатата година „Archewell“ го напуштија уште две лица. Покрај тоа, во март минатата година, готвачот на славната двојка поднесе оставка, а се откри дека има премногу должности. Долга е листата на работници кои кренале раце од Меган и Хари. Холенс е 12 личност која одлучи дека повеќе не може да работи за нив.

Сè започна уште во палатата во 2018 година, кога секретарката Катрина МекКивер, која кралицата ѝ ја доделила на Меган, поднесе оставка. Само два месеци подоцна, нејзината втора секретарка си замина Мелиса Тубати, а следеле уште многу поплаки за наводно многу напорната, неразумна, разгалена и посесивна сопруга на принцот Хари.

Видео на денот