Пријава за татко кој си го малтретирал своете дете

Полиција / Фото: МИА

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.М.(36) од с.Лажани, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање дете” и „неизвршување на судска одлука”.

Пријавениот одбивал да постапи по донесеното судско решение за развод од Основен суд Прилеп од 2 април годинава, во кое стои дека неговото малолетно дете е целосно доделено на чување, воспитување и делумно издржување кај неговата мајка, без право на гледање од него.

Пријавениот, детето го задржувал кај себе подолг период и не ѝ го давал на мајката да го земе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот