Причини поради кои жените потешко забременуваат – Слободен печат
ЖенаЗдравјеМагазин

Причини поради кои жените потешко забременуваат

Експертите открија неколку од причините, а на вас ви останува да ги послушате.

Експертите од американската клиника „Mayo“ истражуваа кои проблеми потенцијално можат да предизвикаат неплодност. Веднаш дошле до првиот заклучок – оние жени кои работат физички тешки работни места имаат за 15 проценти помали шанси да забременат.

Покрај тоа нивната студија откри уште неколку причини:

Тежина

На жените кои се борат со вишокот килограми потребно им е речиси 60 проценти повеќе време да забременат во однос на жените со стандардна телесна тежина.

Стрес

Жените кои се секојдневно изложени на стресни ситуации имаат два пати поголем ризик од неплодност. Експертите во ваквите случаи препорачуваат јога или медитација.

Паметни телефони

Тие се извор на зрачење кое кај мажите наводно ја нарушува способноста на спермата да ја оплоди јајната станица.

Премногу секс

Иако во текот на плодните денови жените имаат зголемена желба за секс, не се препорачува да претерувате. За нормално, медицинските лица го сметаат за еднаш до два пати дневно за време на плодните денови.

Цигари

Познато е колку пушењето е штетно и влијае лошо на здравјето, а особено на женските полови органи. Дури 133 проценти од случаите за неплодност се поврзани со цигарите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close