Презентиран предлог ДУП за Градска четврт Ц 06 – Стара железничка станица

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Во салата на Советот на Општина Центар, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со вработените од Секторот за урбанистичко планирање и планерите, денеска го презентираа предлог Деталниот урбанистички план Градска четврт Ц 06 – Стара железничка станица.

На јавната презентација присутни беа претставници од надлежните институции и комунални претпријатија (ЈП Водовод и канализација – Скопје и Снабдување со топлина БЕГ ДООЕЛ), претставници од сите правни субјекти кои функционираат во овој дел од Центар и засегнатите жители кои живеат на таа локација.

Овој план, како што посочија од Општина Центар, слично и на останатите се изработува со цел усогласување со Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 година. Најголемите усогласувања се направени во однос на новата регулација од ГУП-от, последователно усвоените проекти за инфраструктура, како и преземање на доминантната група на класа на намени Б (комерцијални и деловни намени) од ГУП-от.

– Најголемата промена во однос на претходниот ДУП од 2011-та за оваа четврт е направена кај градежната парцела 1.15, за која површина во претходниот ДУП и ГУП е предвидено зеленило. Од групата на класа на намени Б (комерцијални и деловни објекти), предвидена со ГУП за оваа четврт. Како најсоодветна за жителите на западниот дел од четвртта е избрана класата на намени Б2-големи трговски единици зашто овозможува А2 – домување во станбени згради, како компатибилна намена до 40 проценти од објектот и со тоа решавање на станбеното прашање на луѓето во рамки на идниот развој на четвртта, образложија од Општина Центар.

Од Општината наведоа дека сите останите објекти се задржуваат во површините и обемот предвидени со претходната планска документација, зашто истите се предмет на договорни обврски.

– За културното наследство (Старата Железничка станица) во опфатот на овој ДУП изработени се нови Заштитно – конзерваторски основи кои се одобрени со решение од Управата за заштита на културно наследство во 2019-та година и истите се вградени во планот, истакнаа од Општината.

Напоменаа дека иако ГУП 2012-2022 предвидува нула хектари и нула отсто зеленило, сепак, во опфатот се задржува постојниот парк на југо-источниот крај и други помали зелени површини со вкупна површина од еден хектар или 8.33 процнети од опфатот.

– Доколку граѓаните сакаат дигитално да пополнат, анкетниот лист е достапен во електронска форма на веб-страницата на Општина Центар на следниот линк: https://www.centar.gov.mk/?page_id=6742#JA01) На веб-страницата се објавени и синтезниот (графичкиот) и текстуалниот дел од планот во дигитален формат. Планот исто така ќе биде изложен во читалната „Славко Јаневски”, секој ден од 8:00 до 16:00 часот, заклучно со 14 август 2020, посочија од Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот